Почитувани Колеги, пријатели и соработници
Ми претставува посебна чест и задоволство во името на Здружението на Лекари по општа-семејна медицина (ЗЛОМ-СМ) да Ве поканам на 5-от Конгрес и 25-от Симпозиум со меѓународно учество кои ќе се одржат од 18-21.05.2023 во хотел DoubleTree by Hilton Скопје.
Конгресот ќе се одржи под мотото Хронични незаразни заболувања во Пост Ковид пандемија.
Симпозиумот ќе биде насловен Ургентни состојби во семејна медицина.
На конгресот и Симпозиумот учество ќе земат еминентни домашни и странски предавачи. Ќе бидат споделени искуства и ставови во лекувaњето на хронични незаразни заболувања и третирање на истите во тек на Ковид пандемијата како и справување со најчестите ургентни состојби во семејната медицина.
Уверен сум дека на Конгресот и Симпозиумот ќе ги размениме нашите знаења, ставови, и искуства, ќе ги споделиме новитетите и идеите, со визија и отвореност за сите наши очекувања во иднина како и за подобрување на Семејната медицина во нашата земја.
Теми на Конгресот се:
- Хронични незаразни заболувања (кардиоваскуларни, хематолошки, респираторни и ендокринолошки заболувања)
- Лонг ковид (во интернистички заболувања, неврологија и дерматовенерологија)
- Ментално здравје
- Слободни теми
Ви благодариме на вашата континуирана подршка, со нетрпение Ве очекуваме на 5-от Конгрес и 25-от Симпозиум.
Со почит
Д-р сци Драган Ѓорѓиевски
Претседател на ЗЛОМ СМ
РЕГИСТРАЦИЈАТА Е ЗАТВОРЕНА