Instructions for web ordering

Цените на сите производи од www.kotizacija.com се во денари и вклучен ДДВ.
Со ова упатство се определува и дефинира процесот на регистрација и најава на кориснички профил, како и се дефинира процесот на користење на опцијата нарачка и купување на производи кои ги нуди ПРУФ ПРИНТ ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: „ПРУФ ПРИНТ “) на својата веб страна www.kotizacija.com.

I. Кој може да се регистрира и да се најави на веб страната?
На веб страната на ПРУФ ПРИНТ, може да се најави секое полнолетно лице кое има намера да нарачува и купува производи од асортиманот на производи на ПРУФ ПРИНТ објавен на веб страната. Потсетуваме дека нашата веб страна, како алатката за регистрација и најава на корисник, не е создадена со намера да привлече корисници – лица кои немаат навршено 18 години. Овие лица не смеат да ја користат веб страната и нејзините алатки без дозвола од нивен родител/старател.
Секој посетител на веб страната на ПРУФ ПРИНТ, како и на неговата „Интернет продавницата“, кој одбрал и сака да купи еден или повеќе од понудените производи, треба да регистрира сопствен профил на веб страната: www.kotizacija.com или да се најави на веќе креираниот кориснички профил, како би можел по одбирањето на производот/ите и негово/нивно ставање „во кошничка“ да продолжи со купопродажбата на производот/ите.
Регистрацијата (отворањето на кориснички профил) на посетителите кои сакаат да ги користат услугите кои ги нуди ПРУФ ПРИНТ е неопходна како би можела да започне реализацијата на процесот на онлајн нарачка.

II. Потребни чекори при процес на регистрација
За да креирате сопствен кориснички профил на веб страната www.kotizacija.com, потребно е да кликнете на полето „Регистрирај се“.
Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да се внесат само неопходните лични податоци за корисниците, односно: 1) Име и презиме; 2) Е-маил адреса, 3) Адреса, 4) Град и 5) Телефон.
Со пополнување на полињата во кои ги внесувате своите лични податоци, ја потврдувате нивната точност и вистинитост. Во случај на промени на определени податоци кои сте ги внеле при регистрацијата, потребно е истите да ги ажурирате, односно да го прилагодите својот кориснички профил согласно настанатите измени.
Заради обезбедување на заштита на личните податоци и безбедност при користење на нашата веб страна, задолжително го заштитувате својот профил со лозинка. Лозинката е по Ваш сопствен избор и нема посебни барања за должината односно содржината на лозинката. Со цел заштита на личните податоци, ПРУФ ПРИНТ препорачува користење на силна лозинка, односно лозинката да содржи најмалку 8 алфанумерички знаци од кои една голема буква и еден посебен симбол.
Како корисник на нашата веб страна, имате можност да ја промените лозинката, со одбирање на опцијата „Ја заборавивте лозинката“ пред самата најава или пак со одбирање на опцијата „Промени податоци“ во горниот десен агол по најавата.

III. Прифаќање (согласност) со условите и правилата за продажба
Како корисник на нашата веб страна сте должни да ги прифатите условите и правилата за продажба на ПРУФ ПРИНТ, преку кликнување / штиклирање на полето „Се согласувам со условите и правила за продажба“, а кои услови и правила се објавени на веб страната на ПРУФ ПРИНТ на следниот линк: Услови и правила за интернет продажба..
Со финализирањето на процесот на креација на корисничка сметка, ПРУФ ПРИНТ Ви испраќа е-маил порака со цел потврда на корисничката сметка. За да може да се активира корисничката сметка потребно е да се притисне добиениот линк со кој се врши потврда на извршената регистрација. По извршената потврда, потребно е да се најавите на полето „Најави се“.
Вашата регистрација ќе биде во целост завршена само кога ќе кликнете на оваа врска и ќе се најавите на Вашиот кориснички профил.

IV. Потребни чекори при процес на најава
Имајте предвид дека при секое посетување на нашата веб страна, не е задолжително да се најавите. Најавата Ви е потребна доколку сакате да вршите порачка и купување на нашите производи. Доколку тоа е Вашата цел, откако веќе сте го регистрирале својот профил на веб страната на ПРУФ ПРИНТ, при секое наредно посетување на веб страната, можете повторно да се најавите, преку кликнување на полето „Најави се“ во горниот десен агол, каде што ќе треба да ги внесете Вашата е-маил адреса и лозинка, по што ќе можете да продолжите со нарачка и купување на производи.

V. Отповикување на согласност
Согласност да добивате најнови информации во врска со производите, услугите и понудите на Интернет продавницата, можете во секое време да ја отповикате. Отповикувањето на дадената согласност има дејство во иднина.

VI. Начин на користење на кориснички профил
На почеток на веб страната на ПРУФ ПРИНТ се наоѓа паѓачко мени каде што можете да одберете повеќе опции. При влезот на веб страната Ви се препорачани продукти, производи кои се на промоција, и промоции и флаери на ПРУФ ПРИНТ. На веб страната на ПРУФ ПРИНТ има повеќе табови со различни категории. Со избор на табот за производи или промоции ќе се отвори страна со набројани производи. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористи полето за пребарување кое се наоѓа во горниот дел на страницата. Во ова поле може да се внесе шифрата на производот, името на брендот, намената и слично. Со кликнување на секој одделен производ, се отвора нова страница со детали за одбраниот производ, како и други алатки и можности во врска со одбраниот производ.
По секое најавување на веб страната на ПРУФ ПРИНТ, Ви стојат на располагање следниве опции:
• преглед на нарачките во полето „Преглед на нарачки“;
• промени на своите податоци во полето „Промени податоци“;
• Одјава од веб страната во полето „Одјави се“.

VII. Страни кои може да бидат вклучени во процесот на онлајн купување (веб нарачка)
Понудувач / продавач на производите e ДПУП ПРУФ ПРИНТ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Скупи бр. 2, Скопје, со ЕМБС 6062784 и ЕДБ 4030006574506.
Посетител на веб страната е секое лице кое преку средства за електронска комуникација пристапува на веб страната, со цел разгледување на каталозите на производи и/или услуги понудени на Интернет продавницата.
Купувач е секое физичко или правно лице кое преку електронски пат ќе нарача производи од асортиманот на производи.
Врз односот кој ќе настане со купување на производи меѓу продавачот и купувачот ќе се применуваат применливите законски прописи на Република Северна Македонија, како и правилата објавени на веб страната на ПРУФ ПРИНТ.

VIII. Услови за купување
Условите за купување на производи преку интернет продавницата на ПРУФ ПРИНТ се дефинирани со следниве параметри: нарачка, плаќање, испраќање, рекламација.

IX. Како функционира процесот на нарачка?
На почеток на веб страната на ПРУФ ПРИНТ се наоѓа паѓачко мени каде што корисникот може да одбере повеќе опции. При влезот на веб страната на корисникот му се препорачани продукти, На веб страната на ПРУФ ПРИНТ има повеќе табови со различни категории. Со избор на табот за производи или промоции ќе се отвори страна со набројани производи. Доколку корисникот не знае на која категорија и припаѓа производот кој го интересира, може да го искористи полето за пребарување кое се наоѓа во горниот дел на страницата. Во ова поле може да се внесе шифрата на производот, името на брендот, намената и слично.

X. Како да направите нарачка на производ(и)?
За да може да одберете и нарачате производи од Интернет продавницата, потребно е да бидете најавени на Вашиот кориснички профил на начин опишан во ова упатство.
Понатаму, со кликнување на секој одделен производ, се отвора нова страница со детали и спецификација за одбраниот производ, како и други алатки и можности во врска со одбраниот производ. На новоотворената страница со детали за производот, постои опција за продолжување со нарачка/купување на производот, преку кликнување на полето „Додади во кошничка“.
Со одбирање на опцијата „Прегледај кошничка“, имате увид во производите кои сте ги одбрале за евентуална идна нарачка/купување, цената на производот, како и можност за отстранување на производот од својата кошничка.
Доколку сакате да продолжите со нарачката на производот/ите треба да кликнете на полето „продолжи со нарачката“ со што ќе бидете редиректирани на следната страница за информации за нарачката.

XI. Како да го завршите процесот на купување?
Откако сте одбрале да продолжите со нарачка на производ, ќе бидете редиректирани на страната за информации за нарачката, каде се видливи Вашите лични податоци дадени при најавата на веб страната на ПРУФ ПРИНТ, како и оставени се можности за внесување на конкретни забелешки околку нарачката и/или избирање на опција производот да биде испратен како подарок до трето лице.
Воедно, Вие сте информирани дека плаќањето се врши преку платежна картичка, а нарачката се врши со кликнување на „Нарачај “, по што ќе бидете насочени до системот за наплата.

XII. Услови за начинот на плаќање
Сите цени се изразени во македонска национална валута (денар) со вклучен ДДВ.
За повеќе информации во врска со условите за начинот на плаќање, евентуалните дополнителни трошоци за корисникот, како и начинот на испорака кликнете тука.

XIII. Каде се наоѓаат податоците од направена нарачка?
Откако ќе се најавите на корисничкиот профил користејќи го полето „Најави се“, податоците за направената нарачка се наоѓаат во полето „Преглед на нарачки“, сè додека постои Вашата корисничка сметка. Општите услови за купување не се чуваат заедно со податоците за нарачката.
Полето „Преглед на нарачки“ преку кое може да се врши преглед на нарачки, се наоѓа во горниот десен агол на веб страната на ПРУФ ПРИНТ. Со изборот на оваа опција, производот се евидентира во Вашата кошничка во горниот десен агол.

XIV. Вашите права како субјект на лични податоци
Ве информираме дека собраните лични податоци за онлајн купување, секогаш ги користиме исклучиво за:
• побрзо, полесно и поедноставно да ги проследиме сите известувања и информации до Вас;
• примање на Вашите електронски (онлајн) нарачки од нашиот асортиман на производи;
• брза и навремена достава на купените производи до Вашата адреса;
• навремено да бидете известени за сите нови производи или понуди за кои сметаме дека
ги задоволуваат Вашите преференци и потреби, само доколку сте се согласиле да примате вакви известувања.
Вашето Име и презиме го користиме заради исполнување на нашите законски обврски кои ги имаме како продавачи и трговци и изготвување на потребната документација при продажба на производи, како и за да Ви овозможиме да ги остварите своите права како потрошувачи.
Вашата Адреса на живеење ја користиме со цел достава на производите до Вашата адреса, како и за евентуален писмен контакт со Вас. Односно, доколку Вие како корисник (купувач) не одлучите да го подигнете купениот производ од продажните салони на ПРУФ ПРИНТ, но сакате истиот да Ви биде испорачан (доставен) на Вашата адреса, потребно е да ги наведете следните лични податоци: телефон за контакт, улица, поштенски број и град.
Вашата Е-маил адреса ја користиме со цел овозможување на процесот на регистрација и најава, како и заради контакт со Вас, како би можеле побрзо, полесно и поедноставно да ги проследиме сите известувања и информации до Вас и доколку сте ја дале потребната согласност, навремено да бидете известени за сите нови производи или понуди за кои сметаме дека ги задоволуваат Вашите преференци и потреби.
Вашиот телефон го користиме со цел заради контакт со Вас, особено за потребите за достава на нарачаните производите, како и за да Ве контактираат нашите вработени доколку имаат било какви прашања во врска со направената нарачка.
Доколку при регистрација на Вашиот профил сте дале согласност за директен маркетинг, Вашите податоци ќе се обработуваат во согласност со нашата Политика за приватност.
Ве уверуваме дека Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен наведените. Собирање и обработка на Вашите лични податоци за друга цел, различна од погоре наведените, може да се врши исклучиво и само врз основа на Ваша претходно дадена согласност или заради извршување на законски обврски. Вашите лични податоци ги собираме, обработуваме и чуваме законито, транспарентно и правично во согласност со прописите за заштита на лични податоци. Вашите лични податоци се собираат, обработуваат, употребуваат и доставуваат на трети лица само од страна на вработените кои се посебно овластени за тоа. Вашите лични податоци се чуваат во форма која овозможува Ваша идентификација, онолку долго колку што е потребно за остварување на целите поради кои истите сте ни ги обезбедиле, односно не подолго моментот на Вашата де-регистрација, односно барање за ограничување на обработката или бришење на личните податоци. Вашите лични податоци ќе бидат обработувани на начин кој обезбедува највисоко на безбедност, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки.
Како субјект на лични податоци имате права во однос на заштита на Вашите лични податоци, а ние тежнееме кон тоа да Ви го олесниме остварувањето на Вашите права. Оттука, Ве информираме дека во секое време имате право да се информирате / побарате / поднесете барање или приговор за:
• дали се врши обработка на Вашите лични податоци;
• целите и правната основа на обработка на лични податоци;
• категории на лични податоци кои се обработуваат, корисници и категории на корисници на кои се откриваат;
• рок во рамки на кој ќе се чуваат Вашите лични податоци и/или критериуми за одредување на тој период;
• изворот на лични податоци кои не се дадени од Ваша страна;
• логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која може да има влијание;
• да побарате дополнување и/или измена доколку Вашите лични податоци се нецелосни, неточни или неажурирани;
• да побарате да биде ограничена обработката на Вашите лични податоци;
• да побарате Вашите лични податоци да бидат избришани;
• да ја повлечете претходно дадената согласност за целите на обработка на личните податоци;
• да поднесете приговор за начинот на обработка;
• да Ви биде обезбедена копија од Вашите лични податоци.
Доколку сакате да поднесете Барање за пристап/дополнување/измена/бришење или ограничување на обработката на Вашите лични податоци, кликнете тука.
Ве потсетуваме дека електронската адреса преку која ќе не контактирате, содржината на Барањето и останатите лични податоци нема да бидат искористени за друга цел, освен за да одговориме на Вашите барања и потреби.
Во случај на укажана потреба од дополнителни појаснувања, како и прашања кои се непосредно поврзани со собирањето и обработката на Вашите лични податоци, во секое време можете да контактирате на info@kotizacija.com.

ПРУФ ПРИНТ ДООЕЛ Скопје ги потсетува сите посетители и корисници на  www.kotizacija.com дека повеќе информации во врска со правата на корисниците како субјекти на лични податоци, како и начинот на кој се остварува грижата за безбедноста и заштитата на личните податоци, можат да најдат во нашата Политика за приватност.

Event Search:

Recent Posts

    Latest Posts