Политика за користење на колачиња

Нашата веб-страна www.kotizacija.com користи колачиња (“cookies”), кои овозможуваат подобро функционирање на страната, но и подобро искуство за Вас додека ја користите. Оваа политика за колачиња има за цел да Ви појасни што се колачиња, видовите колачиња кои ги користиме и зошто ги користиме, начинот на кој ги користиме, информациите кои ги собираме со користење на колачиња, како се користат тие информации и како се контролираат преференциите на колачињата.

I. Што се колачиња (cookies)?
Колачиња или “cookies” се мали текстуални датотеки (делови од код), кои можат да се употребуваат со цел да се подобри корисничкото искуство при посета на веб страната. Колачињата функционираат на начин што при посета на веб страната, истата ги поставува колачињата на Вашиот уред заради чување на информации за Вашата посета. Информациите за колачиња се зачувуваат во Вашиот прелистувач и извршуваат функција на препознавање кога се враќате на нашата веб-страна и воедно ни помагаат да разбереме кои делови и искуства од веб-страната ги сметате за најинтересни и најкорисни. Поставувањето на колачиња има за крајна цел да обезбедиме подобро корисничко искуство и да разбереме како работи веб-страната, односно дали и каде истата треба да се подобри.

Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои Вашиот пребарувач може да ги поврати, но истите не содржат програми, вируси или малициозен софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до една година.
При посета на нашата веб страна ќе забележите порака која Ви препорачува да ги прифатите сите колачиња кои ги користиме заради оптимално искуство во пребарувањето, иако имате можност истите да не ги прифатите. Воедно, ќе имате можност да се запознаете со тоа какви видови на колачиња користиме при посета на нашата веб страна и да одберете кои колачиња да ги користиме при Вашата посета на нашата веб страна.

II. Какви видови на колачиња постојат?
Постојат разни видови колачиња и тие можат да се поделат во неколку групи и тоа: според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта).
Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории: 1) Колачиња за време на сесијата и 2) „Трајни (упорни) колачиња“.

1. Колачињата за време на сесијата се привремени. Сесијата почнува кога корисникот го стартува прозорецот од прелистувачот и завршува кога корисникот ќе го затвори прозорецот од прелистувачот. Откако ќе го затворите прелистувачот, сите колачиња за сесија се бришат.
2. Трајните колачиња остануваат на Вашиот уред до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата. Тие се активираат секој пат кога корисникот ќе ја посети веб-страната што го има поставено тоа колаче.
Според доменот на кој припаѓаат колачињата се поделени на: 1) Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот и 2) Колачиња кои се поставени од трети страни.

1. Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот уште се нарекуваат и колачиња од прва страна. Овие колачиња им овозможуваат на сопствениците на веб-страните да собираат аналитички податоци, да ги паметат поставките за јазикот и да вршат други корисни функции кои обезбедуваат подобро корисничко искуство.
2. Колачиња кои се поставени од трети страни. Овие колачиња се поставени од друг домен, различен од доменот, т.е. URL-адресата прикажана во лентата за адреси на прелистувачот што го посетил корисникот. Колачињата од трети страни сами по себе не се поразлични од колачињата поставени од сопственикот на доменот. Единственото нешто што треба да се има предвид е дека надворешниот провајдер, а не сопственикот на доменот, одредува кој тип на податоци се зачувуваат и како се користат.
Повеќе информации за видот на колачињата што ги поставува ПРУФ ПРИНТ според намената (целта) може да прочитате во продолжение на оваа политика.

III. Зошто се користат колачињата?
Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб страната од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата можат да содржат различни видови информации за Вашата посета на одредена веб страна, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за Вас, но можат да соберат информации за Вашите навики на пребарување.
Колачињата дозволуваат на страната која што ги поставува, да ги препознава корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.). Во најголем дел, колачињата го подобруваат Вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.

IV. Дали можам да ги избришам колачињата?
Повеќето колачиња може да се избришат или блокираат. Колачињата за време на сесијата автоматски ќе се избришат кога ќе го затворите Вашиот веб-прелистувач.
Поставките на прелистувачот за промена на поставките за колачиња обично се наоѓаат во менито “Options” или “Preferences” на Вашиот прелистувач. За повеќе детали можете да ја користите и опцијата “Help” во Вашиот прелистувач. Проследете ги линковите подолу за корисни информации околу колачињата кај популарните пребарувачи:

Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страна. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.

V. Како можам да ги контролирам преференциите за колачиња?
Кога прв пат ќе ја пристапите на веб страната www.kotizacija.com ќе добиете порака која што Ве известува дека користиме „колачиња”. Со кликнување на полето “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб страната Вие изјавување дека сте ја разбрале оваа Политика за користење на колачиња и сте се согласиле со нивната употребата, како што се објаснети во оваа Политика, а до која води линк од пораката која што Ве известува дека користиме „колачиња” и истата е објавена на нашата веб страна.

Воедно, на известувањето дека користиме „колачиња” е содржано и поле „Поставки за колачињa” со цел Вие самите да одберете кои колачиња со информации за Вашата посета на www.kotizacija.com ќе бидат зачувани. Не е задолжително да ги прифатите сите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време.
Доколку одлучите да ги промените преференциите подоцна, можете да кликнете на копчето „Поставки за колачиња“. Ова повторно ќе го прикаже известувањето за согласност што Ви овозможува да ги промените преференциите или целосно да ја повлечете Вашата согласност.

VI. Кои колачиња ги користиме и зошто?
ПРУФ ПРИНТ ги користи следните видови колачиња:
• Задолжителните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно.
• Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и го интересираат корисникот, а што е воедно важно за огласувачите како трети страни.
• Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата. Истите овозможуваат следење и анализирање на активностите на корисникот на веб страницата за подобување на функционалноста на веб страницата.
На нашата веб страна користиме колачиња поради следниве причини:
• За техничко функционирање на веб страната;
• За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
• За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не се согласувате) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страна.

***
Политиката за користење на колачиња е дел од нашата рамка за заштита на лични податоци, како и дел од Политика за приватност која дава повеќе информации во однос на обработката на личните податоци од страна на ПРУФ ПРИНТ.

ПРУФ ПРИНТ ДООЕЛ Скопје ги потсетува сите посетители и корисници на www.kotizacija.com дека повеќе информации во врска со правата на корисниците како субјекти на лични податоци, како и начинот на кој се остварува грижата за безбедноста и заштитата на личните податоци, можат да најдат во нашата Политика за приватност.

Event Search:

Recent Posts

    Latest Posts