Шести симпозиум „Новини во алергологијата и клиничката имунологија“ и Прв симпозиум „Новини во пулмологијата 2023“

Почитувани колеги,

Ми претставува голема чест и задоволство, во името на Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија да ви посакам добредојде на Шестиот симпозиум „Новини во алергологијата и клиничката имунологија“, што ќе се одржи од 21 до 24 септември 2023 година, во хотел Дрим Струга.

Симпозиумот е посветен на алергологијата и клиничката имунологија. Традиционално на овој Симпозиум ќе земат учество не само пулмолозите и алерголозите туку и сите други сродни специјалности чијашто секојдневна активност длабоко се испреплетува со алергологијата и клиничката имунологија како што се: дерматолозите, специјалистите по ОРЛ, педијатрите, специјалистите по медицина на трудот, офталмолозите и други. 

Главни теми на симпозиумот се: примената на антибиотиците кај возрасните и децата во лекувањето на горно и долно респираторните инфекции, ретки болести, алерголошките болести, пулмолошките болести, педијатриските и дерматолошките болести како и професионалните болести коишто се третираат од специјалисти по медицина на трудот.

Симпозиумот е продолжение на повеќегодишната традиција на здружението да ја информира пошироката медицинска јавност за најновите препораки во дијагностицирањето и лекувањето на голем број болести коишто заеднички се третираат од гореспомнатите специјаности 

Исто така, на овој Симпозиум колегите ќе можат да разменат искуства за најновите научни и професионални достигнувања во областа на алергологијата и клиничката имунологија.

Се надевам дека и овој пат, Симпозиумот ќе ги исполни вашите стручни очекувања.

Со почит

Проф. д-р Дејан Докиќ

Претседател на МЗАКИ

Почитувани колеги,

Во името на Здружението на пулмолози на Република Македонија – ЗПРМ, чест ми е да Ве поканам да учествувате на Првиот симпозиум „Новини во пулмологијата 2023“  кој ќе се оддржи од 21 до 24 септември 2023 година во хотел Дрим, Струга.

Би сакал да се заблагодарам на претседателот на МЗАКИ, Проф. Д-р Дејан Докиќ за идејата и поканата овие две здруженија да имаат заедничка презентација поради блиската и комплементарна патологија која е предмет на нашиот стручен интерес.

Во тек на Првиот симпозиум „Новини во пулмологијата 2023“, преку пленарни предавања и постер презентации, ќе се обработат научни и клинички аспекти на дел од респираторните заболувања и сигурен сум дека истите ќе предизвикаат интерес за Ваше активно учество.

Се надевам дека во релаксирана и неформална атмосфера ќе имаме доволно време да размениме стручни искуства и да оствариме нови пријателства.

Ви посакувам пријатен престој и успешна работа.

Со почит,

Асс. М-р сци Д-р Зоран Арсовски

Претседател на ЗПРМ

Сподели на социјални мрежи
Котизација за Членови на здружението
Кои имаат веќе обезбедено сместување во Хотел Дрим
9.510,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Котизација за учесници кои не се членови на здружението
Кои имаат веќе обезбедено сместување во Хотел Дрим
10.240,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Котизација за придружба, студенти и специјализанти
Кои имаат веќе обезбедено сместување во Хотел Дрим
6.580,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Доплата за свечена вечера
за учесниците кои што не се местени во Хотел Дрим
1.550,00 ден

СИТЕ УЧЕСНИЦИ КОИ ИМААТ ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА, А НЕ СЕ СМЕСТЕНИ ВО ХОТЕЛИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ОРГАНИЗАТОРОТ, ЗА ПРИСУСТВО НА СВЕЧЕНИ ВЕЧЕРИ, НА ЦЕНАТА ЗА КОТИЗАЦИЈА ДОПЛАЌААТ 25€ ПО ЧОВЕК, ЗА СЕКОЈ ОБРОК ПООДЕЛНО.
*Ве молиме изберете го бројот на свечени вечери (1 или 2) на кои планирате да присуствувате за секое лице посебно.

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

Хотел „Дрим“----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 65 €

Хотел „Дрим“----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 45 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 01.09.2023, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување до 15.09.2023, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 16.09.2023, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ „ДРИМ“ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се на E-mail: globalneta@gmail.com

НАСКОРО!

Информации за настанот