Март 31, 2023
Со гордост го најавуваме Третиот меѓународен симпозиум по тромбоза кој ќе се одржи од 31.3 до 1.4 2023 година во хотел Дрим, Струга. Овој симпозиум ќе бидеат опфатени темите: клинички ентитет, венскиот тромбемболизам, примена на Европските упатства и консензуси пулмонален тромбоемболизам и длабока венска тромбоза, искуствата од реалниот живот со дијагностички и терапевтски модалитети на истиот. Посебен осврт ќе се даде на генетските фактори во епидемиологијата на овие заболувања.
Изминати
мај 5, 2023
Во име на Македонско педијатриско респираторно здружение (МПРЗ) имаме голема чест и задоволство да ве поканиме на прв Симпозиум со работен наслов „Хронична кашлица кај деца и асоцирани болести”, кој ќе се одржи од 5-7.05.2023 год. во хотел Дрим, Струга, Северна Македонија.
Изминати
јуни 8, 2023
Ни претставува огромна чест и задоволство во име на Македонското невролошко здружение, и Невролошката секција на медицински сестри при ЗМСТАМ, да Ве поканиме на Третиот симпозиум на Македонското невролошко здружение и Првиот конгрес на Невролошката секција на медицински сестри при ЗМСТАМ, насловен Новини во третманот и здравствената нега кај невролошки болни, со меѓународно учество. Стручниот настан ќе се одржи од 8 – 11-ти Јуни 2023 година, во Струга.
Изминати
септември 21, 2023
Ми претставува голема чест и задоволство, во името на Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија да ви посакам добредојде на Шестиот симпозиум Новини во алергологијата и клиничката имунологија, што ќе се одржи од 22 до 24 септември 2023 година, во хотел Дрим Струга.
Изминати
септември 20, 2024
Во име на Здружението на микробиолозите на Македонија имам чест и задоволство да ве поканам на VII Конгрес на Здружението на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество, кој ќе се одржи во периодот од 20 – 22 Септември 2022 година во хотел Дрим- Струга.
Изминати
ноември 8, 2024
Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на Симпозиумот под наслов: „РАЗВОЈ НА АПТЕКАРСКА ПРАКТИКА И МЕЃУПРОФЕСИОНАЛНА СОРАБОТКА - Kолку брзо може да растеме?“. Симпозиумот е организиран од страна на Македонското фармацевтско друштво, секцијата за аптекарска практика и секцијата за клиничка фармација.
Идни