Струга

Во име на Здружението на микробиолозите на Македонија имам чест и задоволство да ве поканам на VII Конгрес на Здружението на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество, кој ќе се одржи во периодот од 20 – 22 Септември 2022 година во хотел Дрим- Струга.
Ми претставува голема чест и задоволство, во името на Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија да ви посакам добредојде на Шестиот симпозиум Новини во алергологијата и клиничката имунологија, што ќе се одржи од 22 до 24 септември 2023 година, во хотел Дрим Струга.
Ни претставува огромна чест и задоволство во име на Македонското невролошко здружение, и Невролошката секција на медицински сестри при ЗМСТАМ, да Ве поканиме на Третиот симпозиум на Македонското невролошко здружение и Првиот конгрес на Невролошката секција на медицински сестри при ЗМСТАМ, насловен Новини во третманот и здравствената нега кај невролошки болни, со меѓународно учество. Стручниот настан ќе се одржи од 8 – 11-ти Јуни 2023 година, во Струга.
Во име на Македонско педијатриско респираторно здружение (МПРЗ) имаме голема чест и задоволство да ве поканиме на прв Симпозиум со работен наслов „Хронична кашлица кај деца и асоцирани болести”, кој ќе се одржи од 5-7.05.2023 год. во хотел Дрим, Струга, Северна Македонија.
  • февруари 10, 2023
Прочитајте повеќе
Со гордост го најавуваме Третиот меѓународен симпозиум по тромбоза кој ќе се одржи од 31.3 до 1.4 2023 година во хотел Дрим, Струга. Овој симпозиум ќе бидеат опфатени темите: клинички ентитет, венскиот тромбемболизам, примена на Европските упатства и консензуси пулмонален тромбоемболизам и длабока венска тромбоза, искуствата од реалниот живот со дијагностички и терапевтски модалитети на истиот. Посебен осврт ќе се даде на генетските фактори во епидемиологијата на овие заболувања.
  • јануари 21, 2023
Прочитајте повеќе
Сместен на самиот брег од Охридското езеро и реката Црни Дрим, во срцето на градот Струга, Хотел Дрим располага со 196 стилски уредени соби и 4 апартмани. Без разлика дали сте на одмор, семинар, свеченост, ние сме тука да ги задоволиме сите Ваши сетила.
  • ноември 19, 2018
  • 0 Коментар
Прочитајте повеќе
Event Search:

Recent Posts

    Latest Posts