Симпозиум и Конгрес Новини во третманот и здравствената нега кај невролошки болни

Почитувани колеги и соработници,

Ни претставува огромна чест и задоволство во име на Македонското невролошко здружение, и Невролошката секција на медицински сестри при ЗМСТАМ, да Ве поканиме на Третиот симпозиум на Македонското невролошко здружение и Првиот конгрес на Невролошката секција на медицински сестри при ЗМСТАМ, насловен „Новини во третманот и здравствената нега кај невролошки болни“, со меѓународно учество. Стручниот настан ќе се одржи од 8 – 11-ти Јуни 2023 година, во Струга.
Симпозиумот е посветен на невролози, но и на сродни медицински гранки чии области се испреплетуваат во секојдневата пракса со невролошката област. Симпозиумот произлезе како надоврзување на предходниот симпозиум кој се одржа во Мај 2022 год. во Струга, а на кој се начнаа многу теми и истите побудија интерес за последователно разрешување на дилеми но и како можност за размена на искуства за најновите научни и професионални достигнувања во неврологијата.
Како главните теми на Симпозиумот се раната невролошка дијагностика, како многу важен сегмент за навремено дијагностицирање, прогноза, одлука за третман и следење на невролошките болести (церебро- васкуларни болести, мултипла склероза, невродегенеративните болести, болните синдроми, ретките невролошки болести итн.
Сесиите посветени на најновите упатства од Европското здружение по неврологија, исто така ќе го најдат своето место на Симпозиумот
Првиот конгрес на Невролошката секција при ЗМСТАМ е наменет за медицинските сестри вклучени во невро науката, како и останатите здравствени работници и соработници чие поле на работа е поврзано со неврологијата и невро науката.
Како главна тема на првиот конгрес на медицинските сестри е: Невро-нега во пост ковид ера.
Симпозиумот и Конгресот е составен од сесии со учество на домашни и меѓународни експерти, сателитски симпозиуми посветени на одредена тема, усни и постер презентации во областа на неврологијата.

Проф. д-р Драгана Петровска Цветковска
Претседател на Македонското невролошко здружение

Сподели на социјални мрежи
Котизација за Членови на здружението
Кои имаат веќе обезбедено сместување во Хотел Дрим
153,00 

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Котизација за учесници кои не се членови на здружението
Кои имаат веќе обезбедено сместување во Хотел Дрим
165,00 

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Котизација за придружба, студенти и специјализанти
Кои имаат веќе обезбедено сместување во Хотел Дрим
106,00 

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Доплата за свечена вечера
за учесниците кои што не се местени во Хотел Дрим
35,00 

СИТЕ УЧЕСНИЦИ КОИ ИМААТ ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА, А НЕ СЕ СМЕСТЕНИ ВО ХОТЕЛИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ОРГАНИЗАТОРОТ, ЗА ПРИСУСТВО НА СВЕЧЕНИ ВЕЧЕРИ, НА ЦЕНАТА ЗА КОТИЗАЦИЈА ДОПЛАЌААТ 35€ ПО ЧОВЕК, ЗА СЕКОЈ ОБРОК ПООДЕЛНО.
*Ве молиме изберете го бројот на свечени вечери (1 или 2) на кои планирате да присуствувате за секое лице посебно.

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

Хотел „Дрим“----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 65 €

Хотел „Дрим“----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 45 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 01.05.2023, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување до 24.05.2023, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 25.05.2023, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ „ДРИМ“ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се на E-mail: globalneta@gmail.com

НАСКОРО!

Информации за настанот