VII Конгрес на Здружението на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество

Почитувани колеги,

Во име на Здружението на микробиолозите на Македонија имам чест и задоволство да ве поканам на VII Конгрес на Здружението на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество, кој ќе се одржи  во периодот од 20 – 22 Септември 2022 година во хотел Дрим- Струга.

Конгресот е посветен на сите области на микробиологијата почитувајќи го принципот Едно Здравје. На истиот ќе земат учество  меѓународни и национални експерит со цел  споделување на знаења и искуства за улогата на микробиомот, традиционалната и современа дијагностика на „старите“ и „нови“ патогени, превенцијата и терапијата на инфективните заболувања вклучително и горливиот проблем со антимикробната резистенција.

Конгресот е наменет како за микробиолозите, така  и за сите други специјалности во хуманата и ветеринарна медицина, кои во секојдневното практикување на својата дејност се тесно поврзани со микробиологијата.

Со задоволство ве очекуваме,

Со почит

Проф. д-р Голубинка Бошевска

Претседател на ЗММ

Сподели на социјални мрежи

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

Хотел „Дрим“----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 65 €

Хотел „Дрим“----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 45 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 26.08.2024, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување до 10.09.2024, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 11.09.2024, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ „ДРИМ“ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се на E-mail: globalneta@gmail.com

НАСКОРО!

Информации за настанот