Трет Симпозиум Аптекарска Здравствена Заштита – Хипертензија, дислипидемија и обезност – Смарт Фармацевт модул 3

Почитувани колеги и пријатели,

Ми претставува огромана чест и задоволлство, во името на Здружението на приватни аптеки на РС Македонија (ЗПАРСМ) да Ве поканам на Третиот Симпозиум Аптекрска Здравствена Заштита  кој ќе биде одржан од 14 до 16.03.2025 во хотел Хилтон во Скопје.

Тема на овој Симпозиум е  Хипертензија, дислипидемија и обезност – Смарт Фармацевт модул 3.

Доц.д-р Аријана Мештровиќ како носител на Програмата Смарт Фармцевт ќе биде главен едукатор и модератор на дводневните едукативни работилници.

Ќе бидат опфатени повеќе аспекти од Фармацевтската грижа кај пациентите со хипертензија, дислипидемија и обезност:

• Фармакотерапија и фитотерапија за хипертензија, дислипидемија и обезност,

• Процес на управување со терапија – Метод и алгоритам за донесување клинички одлуки во процесите на фармацевтска грижа за хипертензија, дислипидемија, обезност – 10 сложени случаи од пракса

• Проблеми поврзани со лекови кај хипертензија, дислипидемија, обезност – нивно набљудување, санирање и документирање

• Препознавање, документирање и решавање на грешките при земање лекови

• Лабораториски наоди

• Рационална фармакотерапија и адјувантна терапија

• Постигнување на терапевтската цел и комуникација со лекарите

Ви се заблагодарувам за поддршката.

Со почит,

Со почит,
М-р.Фарм. Џоана Андоноска
Претседател на ЗПАРСМ

Вид на учесникРегистрација ДО 24.02.2025Регистрација ОД 25.02.2025Регистрација OД 04.03.2025
ФАРМАЦЕВТИ8.680 ден.9.920 ден.11.160 ден.
СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ И СТУДЕНТИ4.960 ден.6.200 ден.7.440 ден.
ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМПАНИИ И ДРУГИ ПРИДРУЖНИЦИ6.200 ден.  7.440 ден.  8.680 ден.  
Сподели на социјални мрежи
Котизација за Фармацевти
8.680,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ФКРСМ

Котизација за Специјализанти и Студенти
4.960,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови, без печатени материјали
*ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да достават или испратат Потврда од факултет дека се запишани на студии во тек во тековната учебна година.

Котизација за Претставници на компании и други придружници
6.200,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Без печатени материјали
*ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМПАНИИ може да бидат само од Компании кои УЧЕСТВУВАААТ на настанот со Спонзорски пакет или со ШТАНД

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 120 €

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 135 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 24.02.2025, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 25.02.2025, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 04.03.2025, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се дирекно во хотелот на E-mail: ivana.veligdenova@hiltonskopje.com

НАСКОРО!

Информации за настанот