6 Конгрес и 26 Симпозиум со меѓународно учество на ЗЛОМ СМ

Почитувани Колеги, пријатели и соработници

Ми претставува посебна чест и задоволство во името на Здружението на Лекари по општа-семејна медицина (ЗЛОМ-СМ) да Ве поканам на 6-от Конгрес и 26-от Симпозиум со меѓународно учество кои ќе се одржат од 15-18.05.2025 во хотел DoubleTree by Hilton Скопје.

Конгресот ќе се одржи под мотото „Дијагноза и превенција во семејната медицина -Патоказ кон иднината “.

Симпозиумот ќе биде насловен „Силата во рацете на семејниот лекар а посветен на сексуално преносливи инфекции “.

На Конгресот и Симпозиумот учество ќе земат еминентни домашни и странски предавачи. Ќе бидат споделени искуства и ставови во лекувaње, дијагноза и превенција на заболувања на ниво на примарна здраствена заштита, како и справување со сексуално преносливите инфекции особено кај младата популација.

Уверен сум дека на Конгресот и Симпозиумот ќе ги размениме нашите знаења, ставови и искуства, ќе ги споделиме новитетите и идеите, со визија и отвореност за сите наши очекувања во иднина, како и за подобрување на Семејната медицина во нашата земја.

Теми на Конгресот се:

1. Ризик фактори

2. Скрининг и превенција

3. Хипертензија со хиперлипидемија

4. Дијабет

5. ХОББ, АСТМА И БПХ

6. Стари лица

7. Полифармација и несакани реакции на лекови

8. Антибиотици

9. Мултиморбидитети

10. Слободни теми

Ви благодариме на вашата континуирана поддршка, со нетрпение Ве очекуваме на 6-от Конгрес и 26-от Симпозиум.

Со почит

Д-р сци Драган Ѓорѓиевски
Претседател на ЗЛОМ-СМ
Потпретседател на Европската Унија на
Семејни лекари (UEMO)

МОЖНОСТА ЗА КУПУВАЊЕ НА КОТИЗАЦИИ ЌЕ БИДЕ ДОСТАПНА ОД ЈАНУАРИ 2025 год.

Сподели на социјални мрежи

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 120 €

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 135 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 25.04.2025, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 26.04.2025, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 05.05.2025, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се на E-mail: globalneta@gmail.com

НАСКОРО!

Информации за настанот