Почитувани колеги,
Почитувани колеги и пријатели,
Со големо задоволство Ве покануваме на третиот симпозиум организиран од Педијатриско Респираторно Здружение (PEDIARES) кој ќе се одржи во хотел Дрим, Струга, Северна Македонија во период од 25.4.2025 до 27.4.2025 година.
Темата на симпозиумот е „Новини во педијатриска пулмологија”
На симпозиумот ќе бидат представени теми и проблеми, но и најсовремена дијагностика и терапија од повеќе области – пулмологија, имунологија, гастроентерологија, алергологија, оториноларингологија, хирургија.
Ќе презентираат врвни предавачи од странство и Северна Македонија, ќе ги изнесат своите искуства и ставови во дијгностика и лечење на бројни патолошки состојби.
Симпозиумот е наменет за педијатри, специјализанти по педијатрија, субспецијалисти по пулмологија, семејни доктори, доктори на школска медицина, микробиолози, хирурзи, ОРЛ специјалисти и други.
Воедно, овој Симпозиум ќе ви биде и можност за воспоставување нови професионални
контакти и пријателства.
Симпозиумот е акредитиран од страна на Лекарска комора на С Македонија (ЛКРСМ).
Се надеваме дека Вашето присуство и професионалниот интерес за новините, ќе
придонесат за успешна реализација на планираните активности.
И оваа година стручниот дел ќе биде обогатен со богата културно-уметничка програма.
Однапред се радуваме на повторно дружење.
Со почит,
Проф.др.Татјана Јаќовска
Председател на Педијатриско Респираторно Здружение (PEDIARES)