Почитувани колеги и пријатели,
Чест ми е во името на Макеоднското здружение по кардиологија да го најавам 2. Vessels Seminar. Истиот е наменет за Васкуларната медицина, Хипертензивната медицина и Тромбологијата и ќе се одржи од 29 до 30.3.2024 во хотел Хилтон Скопје, РС Македонија.
Ќе бидат опфатени области и теми од кардиологијата и кардиоваскуларната медицина, коронарната и периферната артериска болест, артериската хипертензија, венските цикулаторни заболувања, срцевите аритмии со сите модалитети на нивна дијагностика вклучително сликовна, но и нивното лекување медикаментозно односно перкутано, како на акутните така и на хроничните облици. Освен пленарните сесии, планирани се тематски симпозиуми, како презентации на случаи и постери за кои очекуваме ваше активно учество.
Семинарот е наменет не само за кардиолози, туку интернисти, васкуларни лекари, семејни лекари, но и специјализанти по кардиологија и интерна медицина.
Проф. д-р Маријан Бошевски, FЕSC
Претседател на МЗК