
Почитувани,
Во име на Македонското здружение по урологија (МАУ) и Балканското здружение по урологија (БАУ), ни претставува голема чест да ве поканиме на 5-тиот конгрес на МАУ и 3-тиот конгрес на БАУ. Овој значаен настан ќе се одржи од 11 до 13 април 2025 година, во хотел Дрим-Струга, на брегот на Охридското езеро.
Мисијата на конгресот е да ги обедини колегите од Македонија, нашите балкански соседи, европските и меѓународните колеги. Современата урологија доживува неверојатен теоретски и технолошки развој и веруваме дека со заеднички напори ќе постигнеме плодна размена на искуства и знаења. Оваа размена, не само што ќе го збогати нашето лично разбирање, туку и ќе го унапреди полето на современата урологија.
Нашиот конгрес ќе се фокусира на клучни теми како што се: карцином на простатата, карцином на мочен меур, трансплантација на бубрези. Дополнително, ќе има и разни други интересни и релевантни теми од урологијата за дискусија и истражување. Убедени сме дека вашето присуство и активно учество ќе придонесе за поголем успех на овој настан и заедно можеме да го направиме овој конгрес извонредна платформа за учење, соработка и напредок во урологијата.
Со почит,
Скендер Саиди
Претседател на Македонското здружение по урологија
&
Оливер Станков
Претседател на Балканската асоцијација по урологија