Симпозиум „Актуелности во Неонатологијата“со меѓународно учество

Почитувани колеги,

Со особена чест и задоволство Ве покануваме на Симпозиумот „Актуелности во Неонатологијата“ со меѓународно учество организиран од страна на Здружението на неонатолози  кој  ќе се одржи од 15 до 17 ноември 2024 година, во хотел Хилтон во Скопје.

Новите достигнувања во грижата и лекувањето на новоредените се секогаш огромен предизвик за неонатолозите, педијатрите, гинеколозите, семејните лекари и сите други сродни специјалности кои на било каков начин се вклучени во грижата за најмалите. На Симпозиумот ќе бидат споделени новитети и информации за одредени респираторни, кардиолошки, хематолошки, имунолошки, нефролошки, гастроентерохепатолошки и невролошки состојби кај новородените, како и проблематики поврзани со исхраната и  метаболизмот, при што ќе се обидеме да дадеме одговор на многу прашања и дилеми со кои се соочуваме во секојдневната пракса.

Во  пресрет  на Светскиот ден на  прематуритетот, 17-ти ноември, ќе биде ставен акцент на низа активности за подигнување на свесноста за предизвиците и товарот од предвременото раѓање  како и грижата за недоносените.

Ве очекуваме!

Со почит,

Проф. д-р Силвана Наунова Тимовска

Претседател на

Здружението на неонатолозите

Почитувани колешки и колеги, драги пријатели,

Во името на Научниот одбор и во мое лично име, имам голема чест и задоволство да ве поканам за учество на меѓународниот симпозиум „Актуелности во неонатологијата“ кој ќе се одржи во Скопје, Р С Македонија од 15-17 Ноември 2024 година. Во пресрет на Светскиот ден на недосносените деца, 17 – ти Ноември, на овој Симпозиум ќе бидат изложени најновите сознанија во дијагностиката, лекувањето и превенцијата на патолошки состојби од различни области на Неонатологијата, со посебен акцент на проблемите поврзани со недоносеноста. На Симпозиумот свое учество ќе имаат врвни екперти од нашата земја, од регионот и од Европа, кои преку пленарни предавања, работилници и тркалезни маси ќе ги изложат најновите сознанија, како и сопствените искуства од областа на неонатологијата, перинатологијата и хирургијата на новородено.

Неонатологијата и проблемите на новороденото се области кои постојано се развиваат, а грижата за недоносеното е еден од врвните приоритети на секој неонатолог. Усвојувањето на најновите сознанија за причините за настанување на заболувањата, како и на современите тераписки можности за згрижување на новороденото, води кон подобрување на исходот од лекувањето и подобрување на квалитетот на животот на новородените со ризик. Токму затоа, учеството на овој Симпозиум ќе биде прилика да се разменат искуства со најреномирани експерти од областа на Неонатологијата во нашата земја и во регионот, стекнување сознанија за најновите научни достигнувања и тераписки можности, како и  унапредување на сопствените можности во пружањето најдобра здравствена грижа за новороденото.

Однапред се радувам на нашата средба на овој Симпозиум, бидејќи ваквите стручни собири на експерти од различни области на неонатологијата се вистинскиот начин за придонес во унапредување на грижата за здравјето на новородените, како во нашата земја, така и во регионот.

Со желби за добро здравје и успешна работа,

Прим. д-р на мед. науки Душко Фидановски,

Претседател на Научниот одбор на Симпозиумот

Сподели на социјални мрежи
Котизација за Членови на здружението
6.570,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организиран ручек

Котизација за учесници кои не се членови на здружението
7.320,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организиран ручек

Котизација за придружба, студенти, специјализанти и учесници од компании
5.520,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организиран ручек

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 110 €

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 125 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 10.10.2024, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување до 01.11.2024, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 02.11.2024, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се на E-mail: globalneta@gmail.com

Наскоро!

Информации за настанот