Симпозиум „РАЗВОЈ НА АПТЕКАРСКА ПРАКТИКА И МЕЃУПРОФЕСИОНАЛНА СОРАБОТКА – Kолку брзо може да растеме?“

Почитувани колеги фармацевти и лекари,

Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на Симпозиумот под наслов:

„РАЗВОЈ НА АПТЕКАРСКА ПРАКТИКА И МЕЃУПРОФЕСИОНАЛНА СОРАБОТКА

Kолку брзо може да растеме?“

Симпозиумот е организиран од страна на Македонското фармацевтско друштво, секцијата за аптекарска практика и секцијата за клиничка фармација.

Потпирајќи се на долгогодишното искуство во континуираната едукација на здравствените професионалци, веруваме дека научната програма која вклучува пленарни предавања, усни презентации, работилници и постер сесии, ќе резултира со успешна размена на современите сознанија и искуства меѓу фармацевтите и лекарите како истражувачи и долгогодишни практичари.

Симпозиумот опфаќа теми фокусирани на промоција и унапредување на јавното здравство, колаборативен менаџмент на терапија, тековни практики и пристапи засновани на медицина и фармација базирани на докази, справување со нерационална полифармација и современи сознанија и препораки за донесување на заеднички одлуки во лекувањето.

Со тоа, овој Симпозиум претставува уникатна можност за меѓупрофесионална, интердисциплинарна соработка меѓу фармацевтите (практичари во аптека, специјалисти по клиничка фармација и аптекарска практика, како и болнички фармацевти) со семејните лекари, лекари специјалисти и субспецијалисти од областа на неврологија, кардиологија, ендокринологија и други сродни области од интерната медицина.

Добредојдено е и учеството на студенти – здравствени специјализанти во полето на фармацијата и медицината.

Симпозиумот ќе биде Aкредитиран од Фармацевтската комора на РС Македонија (ФКРСМ), како и од Лекарската комора на РС Македонија (ЛКРСМ).

Со нетрпение очекуваме да Ви посакаме добредојде од 8-10 ноември, 2024 година, во хотел Дрим, Струга, Р.С.Македонија

Реководител на секција
за аптекарска практика
Проф. д-р Марија Главаш Додов

Претседател на
Македонско фармацевтско друштво
Проф. д-р Руменка Петковска

Раководител на секција
за клиничка фармација
Проф. д-р Александра Капедановска Несторовска

Сподели на социјални мрежи
Котизација за Фармацевти
Кои имаат веќе обезбедено сместување во Хотел Дрим
11.140,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ФКРСМ

Котизација за Доктори
Кои имаат веќе обезбедено сместување во Хотел Дрим
8.700,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ

Котизација за специјализанти, студенти, придружба и други
Кои имаат веќе обезбедено сместување во Хотел Дрим
6.200,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови, без печатени материјали

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

Хотел „Дрим“----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 65 €

Хотел „Дрим“----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 45 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 20.10.2024, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување до 31.10.2024, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 01.11.2024, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ „ДРИМ“ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се на E-mail: globalneta@gmail.com

НАСКОРО!

Информации за настанот