Трет меѓународен симпозиум по тромбоза 2023

Со гордост го најавуваме Третиот меѓународен симпозиум по тромбоза кој ќе се одржи од 31.3 до 1.4 2023 година во хотел Дрим, Струга. Овој симпозиум ќе бидеат опфатени темите: клинички ентитет, венскиот тромбемболизам, примена на Европските упатства и консензуси пулмонален тромбоемболизам и длабока венска тромбоза, искуствата од реалниот живот со дијагностички и терапевтски модалитети на истиот. Посебен осврт ќе се даде на генетските фактори во епидемиологијата на овие заболувања.

Симпозиумот е наменет за кардиолози, специјалисти по васкуларна медицина, интернa медицина, хематологија и трансфузиона медицина, како и субспецијалисти и специјализанти. На истиот веќе потврдија учество стручњаци од Европа и регионот.

Во името на Организациониот комитет имам чест да Ве поканам да учествувате на 3. Меѓународен Симпозиум за тромбоза.

Проф. д-р Маријан Бошевски, FЕSC

Претседател на МЗК

Сподели на социјални мрежи

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

Хотел „Дрим“----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 65 €

Хотел „Дрим“----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 45 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 15.03.2023, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување до 24.03.2023, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 25.03.2023, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ „ДРИМ“ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се на E-mail: globalneta@gmail.com

Информации за настанот