Почитувани колеги и пријатели,
Ми претставува огромна чест и задоволство, во името на Здружението на приватни аптеки на РС Македонија, да го најавам Вториот Симпозиум Аптекарска Здравствена Заштита на тема Дијабет – Смарт Фармацевт модул 2, кој ќе се одржи од 01 до 03.04.2024 во хотел Хилтон, Скопје, РС Македонија.
Во соработка со меѓународната организација Pharma Expert, Доц.Др.Аријана Мештровиќ која е коавтор на Програмата Смарт Фармацевт, е главен едукатор и модератор на овие тродневни интеракивни работилници.
Ќе бидат опфатени повеќе аспекти од Фармацевтската грижа за пациентите со дијабет
- Насоки за лечење на дијабет,
- Правилна практична примена на инсулин и орални антидиабетици,
- Рационална фармакотерапија,
- Суплементација,
- Превенција од компликации,
- Проценка на ризик за појава на дијабет кај недијагностицирани пациенти,
- Собирање и документирање на податоци,
- Следење на пациентите,
- Професионална комуникација со лекарите.
Симпозиумот ќе биде мулти-дисциплинарен и е наменет не само за фармацевти, туку и за матични/семејни доктори и специјалисти.
Со почит,
М-р.Фарм. Џоана Андоноска
Претседател на ЗПАРСМ
КОТИЗАЦИЈА/РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИ
Вид на учесник | Регистрација ДО 12.03.2024 | Регистрација ОД 13.03.2024 | Регистрација OД 25.03.2024 |
ФАРМАЦЕВТИ (01-02.04.2024) | 7.316 ден. | 8.430 ден. | 9.610 ден. |
ДОКТОРИ (02-03.04.2024) | 7.316 ден. | 8.430 ден. | 9.610 ден. |
ФАРМАЦЕВТИ + ДОКТОРИ (01-03.04.2024 | 10.970 ден. | 12.090 ден. | 13.200 ден. |