Почитувани колеги,
Во име на Здружението на микробиолозите на Македонија имам чест и задоволство да ве поканам на VII Конгрес на Здружението на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество, кој ќе се одржи во периодот од 20 – 22 Септември 2022 година во хотел Дрим- Струга.
Конгресот е посветен на сите области на микробиологијата почитувајќи го принципот – Едно Здравје. На истиот ќе земат учество меѓународни и национални експерит со цел споделување на знаења и искуства за улогата на микробиомот, традиционалната и современа дијагностика на „старите“ и „нови“ патогени, превенцијата и терапијата на инфективните заболувања вклучително и горливиот проблем со антимикробната резистенција.
Конгресот е наменет како за микробиолозите, така и за сите други специјалности во хуманата и ветеринарна медицина, кои во секојдневното практикување на својата дејност се тесно поврзани со микробиологијата.
Со задоволство ве очекуваме,
Со почит
Проф. д-р Голубинка Бошевска
Претседател на ЗММ