11ти Конгрес на Македонското Здружение за Гастроентерохепатологија со меѓународно учество

Почитувани колеги,  драги пријатели,

Во име на Македонското Здружение за Гастроентерохепатологија, чест ми е да ве поканам да бидете дел од нашиот 11ти Конгрес со меѓународно учество.

Уште еднаш во античкиот Охрид од 25ти до 28ми мај 2023 г., во хотелскиот комплекс Метропол, ќе разменуваме нови знаења и идеи, слушајки ги домашните и светски познатите експерти, кои ќе зборуваат за различни и предизвикувачки теми.
Нашата идеја е да истражиме различни полиња од гастроентерологијата и хепатологијата, почнувајки од патологијата, преку клиничката слика, дијагностичките методи и целите на лекувањето, било да се конзервативни, ендоскопски или хируршки.
Ќе ни биде големо задоволство да бидеме ваши домаќини и заеднички да ја делиме возбудата во светот на науката и во вистинскиот живот!

Се радувам на нашата нова средба!

Мери Трајковска

Претседател
Македонско Здружение за Гастроентерохепатологија

Сподели на социјални мрежи

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

х. МЕТРОПОЛ Охрид----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 65 €

х. МЕТРОПОЛ Охрид----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 49 €

х. БЕЛВИ Охрид----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 65 €

х. БЕЛВИ Охрид----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 49 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 01.05.2023, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување до 15.05.2023, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 16.05.2023, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се на E-mail: globalneta@gmail.com

Наскоро!

Информации за настанот