11ти Конгрес на Македонското Здружение за Гастроентерохепатологија со меѓународно учество

Почитувани колеги,  драги пријатели,

Во име на Македонското Здружение за Гастроентерохепатологија, чест ми е да ве поканам да бидете дел од нашиот 11ти Конгрес со меѓународно учество.

Уште еднаш во античкиот Охрид од 25ти до 28ми мај 2023 г., во хотелскиот комплекс Метропол, ќе разменуваме нови знаења и идеи, слушајки ги домашните и светски познатите експерти, кои ќе зборуваат за различни и предизвикувачки теми.
Нашата идеја е да истражиме различни полиња од гастроентерологијата и хепатологијата, почнувајки од патологијата, преку клиничката слика, дијагностичките методи и целите на лекувањето, било да се конзервативни, ендоскопски или хируршки.
Ќе ни биде големо задоволство да бидеме ваши домаќини и заеднички да ја делиме возбудата во светот на науката и во вистинскиот живот!

Се радувам на нашата нова средба!

Мери Трајковска

Претседател
Македонско Здружение за Гастроентерохепатологија

Сподели на социјални мрежи
Котизација за Членови на здружението
Кои имаат веќе обезбедено сместување во Хотел Метропол/Белви
165,00 

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Котизација за учесници кои не се членови на здружението
Кои имаат веќе обезбедено сместување во Хотел Метропол/Белви
189,00 

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Котизација за придружба, студенти и специјализанти
Кои имаат веќе обезбедено сместување во Хотел Метропол/Белви
118,00 

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организирани ручеци и вечери

Сертификат со одобрени бодови од ЛКМ

Доплата за свечена вечера
за учесниците кои што не се местени во Метропол/Белви
25,00 

СИТЕ УЧЕСНИЦИ КОИ ИМААТ ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА, А НЕ СЕ СМЕСТЕНИ ВО ХОТЕЛИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ОРГАНИЗАТОРОТ, ЗА ПРИСУСТВО НА СВЕЧЕНИ ВЕЧЕРИ, НА ЦЕНАТА ЗА КОТИЗАЦИЈА ДОПЛАЌААТ 25€ ПО ЧОВЕК, ЗА СЕКОЈ ОБРОК ПООДЕЛНО.
*Ве молиме изберете го бројот на свечени вечери (1 или 2) на кои планирате да присуствувате за секое лице посебно.

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

х. МЕТРОПОЛ Охрид----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 65 €

х. МЕТРОПОЛ Охрид----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 49 €

х. БЕЛВИ Охрид----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 65 €

х. БЕЛВИ Охрид----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 49 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 01.05.2023, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување до 15.05.2023, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 16.05.2023, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се на E-mail: globalneta@gmail.com

Наскоро!

Информации за настанот