Почитувани колеги и пријатели,
Со големо задоволство Ве покануваме на втор симпозиум организиран од Педијатриско Респираторно Здружение (PEDIARES) кој ќе се одржи во хотел Хилтон, Скопје, Северна Македонија во период од 10-12.05.2024 година.
Темата на симпозиумот е „Алергии во детска возраст“.
На симпозиумот ќе бидат представени теми и проблеми, но и најсовремена дијагностика и терапија од областа на алергологија, пулмологија, имунологија, гастроентерологија, оториноларингологија, детска хирургија и анестезиологија.
Ќе презентираат врвни предавачи од странство и Северна Македонија, ќе ги изнесат своите искуства и ставови во дијгностика и лечење на бројни патолошки состојби.
Симпозиумот е наменет за специјалисти и специјализанти по педијатрија, субспецијалисти по пулмологија, семејни доктори и доктори на школска медицина, микробиолози, хирурзи, ОРЛ специјалисти и други.
Воедно, овој Симпозиум ќе ви биде и можност за воспоставување нови професионални контакти и пријателства.
Симпозиумот е акредитиран од страна на Лекарска комора на С.Македонија (ЛКРСМ).
Се надеваме дека Вашето присуство и професионалниот интерес за новините, ќе придонесат за успешна реализација на планираните активности.
И оваа година стручниот дел ќе биде обогатен со богата културно-уметничка програма.
Однапред се радуваме на повторно дружење.
Со почит,
Проф.др.Татјана Јаќовска
Председател на Педијатриско Респираторно Здружение (PEDIARES)