Меѓународен Симпозиум „Алергии во детска возраст“

Почитувани колеги и пријатели,

Со големо задоволство Ве покануваме на втор симпозиум организиран од Педијатриско Респираторно Здружение (PEDIARES) кој ќе се одржи во хотел Хилтон, Скопје, Северна Македонија во период од 10-12.05.2024 година.
Темата на симпозиумот е „Алергии во детска возраст“.
На симпозиумот ќе бидат представени теми и проблеми, но и најсовремена дијагностика и терапија од областа на алергологија, пулмологија, имунологија, гастроентерологија, оториноларингологија, детска хирургија и анестезиологија.
Ќе презентираат врвни предавачи од странство и Северна Македонија, ќе ги изнесат своите искуства и ставови во дијгностика и лечење на бројни патолошки состојби.
Симпозиумот е наменет за специјалисти и специјализанти по педијатрија, субспецијалисти по пулмологија, семејни доктори и доктори на школска медицина, микробиолози, хирурзи, ОРЛ специјалисти и други.
Воедно, овој Симпозиум ќе ви биде и можност за воспоставување нови професионални контакти и пријателства.
Симпозиумот е акредитиран од страна на Лекарска комора на С.Македонија (ЛКРСМ).
Се надеваме дека Вашето присуство и професионалниот интерес за новините, ќе придонесат за успешна реализација на планираните активности.
И оваа година стручниот дел ќе биде обогатен со богата културно-уметничка програма.

Однапред се радуваме на повторно дружење.

Со почит,
Проф.др.Татјана Јаќовска
Председател на Педијатриско Респираторно Здружение (PEDIARES)

Сподели на социјални мрежи
Котизација за Членови на здружението
9.180,00 ден
Котизација за учесници кои не се членови на здружението
9.860,00 ден
Котизација за придружба, студенти, специјализанти и учесници од компании
8.060,00 ден

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 110 €

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 125 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 10.04.2024, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување до 01.05.2024, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 02.05.2024, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се на E-mail: globalneta@gmail.com

Наскоро!

Информации за настанот