Шести Конгрес на Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија

Почитувани колеги,

Ми претставува голема чест и задоволство, во името на Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија да ви посакам добредојде на Шестиот конгрес на здружението со меѓународно учество, што ќе се одржи од 27 до 29 септември 2024 година, во хотел DoubleTree by Hilton – Скопје.

Конгресот е посветен на алергологијата и клиничката имунологија. Традиционално на овој Симпозиум ќе земат учество не само пулмолозите и алерголозите туку и сите други сродни специјалности чијашто секојдневна активност длабоко се испреплетува со алергологијата и клиничката имунологија како што се: дерматолозите, специјалистите по ОРЛ, педијатрите, специјалистите по медицина на трудот, офталмолозите и други.
Новина е тоа што оваа година на Конгресот ќе учествуваат и колеги од Националното алерголошко здружение на Р.Србија, што претставува извонредна можност за плодна размена на мислења, искуства и визии во врска со темите кои ќе бидат опфатени. На младите лекари оваа година ќе им биде дадена можност да се претстават со свои предавања и презентации на случаи во посебна сесија.
Главни теми на конгресот се: примената на антибиотиците кај возрасните и децата во лекувањето на горно и долно респираторните инфекции, ретки болести, алерголошките болести, пулмолошките болести, педијатриските и дерматолошките болести.
Конгресот е продолжение на повеќегодишната традиција на здружението да ја информира пошироката медицинска јавност за најновите препораки во дијагностицирањето и лекувањето на голем број болести коишто заеднички се третираат од гореспомнатите специјалности
Исто така, на овој Конгрес колегите ќе можат да разменат искуства за најновите научни и професионални достигнувања во областа на алергологијата и клиничката имунологија.

Се надевам дека и овој пат, Шестиот конгрес на здружението ќе ги исполни вашите стручни очекувања.

Проф. д-р. Дејан Докиќ
Претседател на МЗАКИ

Сподели на социјални мрежи
Котизација за Членови на здружението
7.316,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организиран ручек

Котизација за учесници кои не се членови на здружението
8.800,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Комплет материјал и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организиран ручек

Котизација за придружба, студенти, специјализанти и учесници од компании
5.890,00 ден

Котизацијата за настанот вклучува:
Програма и ID карта

Присуство на сите научни сесии

Сертификат со одобрени бодови од ЛКРСМ

Пристап во изложбениот простор

Присуство на свечено отворање

Присуство на организиран ручек

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 110 €

h. DoubleTree by Hilton----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 125 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 26.08.2024, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување до 15.09.2024, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 16.09.2024, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се на E-mail: globalneta@gmail.com

Наскоро!

Информации за настанот