Почитувани колеги и пријатели,
Во име на Македонско педијатриско респираторно здружение (МПРЗ) имаме голема чест и задоволство да ве поканиме на прв Симпозиум со работен наслов „Хронична кашлица кај деца и асоцирани болести”, кој ќе се одржи од 5-7.05.2023 год. во хотел Дрим, Струга, Северна Македонија.
Хроничната кашлица кај деца може да биде симптом на многу сериозни состојби и компликации со можни трајни последици, и затоа е важно на време да бидат препознаени.
Главна цел е да се дијагностицира болеста или состојбата и да се препознаат факторите на ризик. Токму заради тоа е одбрана како главна тема на Симпозиумот каде ќе презентираат врвни предавачи од странство и Северна Македонија, ќе ги изнесат своите искуства и ставови во дијгностика и лечење на бројни патолошки состојби кои можат да бидат причина за кашлица кај децата.
Темите кои ќе бидат опфатени за време на Симпозиумот се
- ЦФ/ТБЦ
- Алергологија
- Пулмологија
- Респираторни инфекции
- Пореметување во дишење
- Микробиологија / антибиотици
- Исхрана/пробиотици
- Хирургија/ОРЛ
Симпозиумот е наменет за специјалисти и специјализанти по педијатрија, субспецијалисти по пулмологија, семејни доктори и доктори на школска медицина, микробиолози, хирурзи, ОРЛ специјалисти и други.
Воедно, овој Симпозиум ќе ви биде и можност за воспоставување нови професионални контакти и пријателства.
Симпозиумот е акредитиран од страна на Лекарска комора на С.Македонија (ЛКСМ) и Македонско лекарско друштво (МЛД).
Се надеваме дека Вашето присуство и професионалниот интерес за новините, ќе придонесат за успешна реализација на планираните активности.
Ви посакуваме успешен Симпозиум.
Со почит,
Проф. д-р Татјана Јаќовска
Председател на Македонско педијатриско респираторно здружение(МПРЗ)