Симпозиум со меѓународно учество „Хронична кашлица кај деца и асоцирани болести”

Почитувани колеги и пријатели,

Во име на Македонско педијатриско респираторно здружение (МПРЗ) имаме  голема чест и задоволство да ве поканиме на прв Симпозиум со работен насловХронична кашлица кај деца и асоцирани болести, кој ќе се одржи од 5-7.05.2023 год. во хотел Дрим, Струга, Северна Македонија.

Хроничната кашлица кај деца може да биде симптом на многу сериозни состојби и компликации со можни трајни последици, и затоа е важно на време да бидат препознаени.

Главна цел е да се дијагностицира болеста или состојбата и да се препознаат факторите на ризик. Токму заради тоа е одбрана како главна тема на Симпозиумот каде ќе презентираат врвни предавачи од странство и Северна Македонија, ќе ги изнесат своите искуства и ставови во дијгностика и лечење на бројни патолошки состојби кои можат да бидат причина за кашлица кај децата.

Темите кои ќе бидат опфатени за време на Симпозиумот се

  1. ЦФ/ТБЦ
  2. Алергологија
  3. Пулмологија
  4. Респираторни инфекции
  5. Пореметување во дишење
  6. Микробиологија / антибиотици
  7. Исхрана/пробиотици
  8. Хирургија/ОРЛ

Симпозиумот е наменет за специјалисти и специјализанти по педијатрија, субспецијалисти по пулмологија, семејни доктори и доктори на школска медицина, микробиолози, хирурзи, ОРЛ специјалисти и други.

Воедно, овој Симпозиум ќе ви биде и можност за воспоставување нови професионални контакти и пријателства.

Симпозиумот е акредитиран од страна на Лекарска комора на С.Македонија (ЛКСМ) и Македонско лекарско друштво (МЛД).

 Се надеваме дека Вашето присуство и професионалниот интерес за новините, ќе придонесат за успешна реализација на планираните активности.

Ви посакуваме успешен Симпозиум.

Со почит,

Проф. д-р Татјана Јаќовска

Председател на Македонско педијатриско респираторно здружение(МПРЗ)

Сподели на социјални мрежи

Цените за сместување во хотелите, за време на Настанот се следни:

Напомена: Можно е сместување и во повеќекреветни соби

Хотел „Дрим“----Сместување во еднокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 65 €

Хотел „Дрим“----Сместување во двокреветна ---- Цена по лице/ноќевање/полупансион 45 €

ОТКАЖУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕ
-За откажано сместување до 15.04.2023, средствата ќе се рефундираат во целост, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување до 25.04.2023, средствата ќе се рефундираат до 50 %, намалени за банкарските трошоци.

-За откажано сместување од 26.04.2023, НЕ СЛЕДУВА РЕФУНДАЦИЈА НА
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА.

ПРИСУСТВО ДО СИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ХОТЕЛОТ „ДРИМ“ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ
СО НАСТАНОТ, ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ
ПЛАТЕНО КОТИЗАЦИЈА.

За сите информации и детали за семстувањето, обратете се на E-mail: globalneta@gmail.com

Информации за настанот